Делови од Илинден и Ѓорче Петров утре без струја

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека утре (четврток) без електрична енергија ќе останат:

- во периодот од 10.30 до 15.15 часот, дел од корисниците од ул.Воин Драшкоци, Лихнида, можно е и дел од корисниците на ул. Александар Мартулков и Панко Барашанов (општина Ѓорче Петров)

- во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од новопроектираната улица во новата населба Јака во Марино и дел од улицата Мост (општина Илинден).