Делови од Ѓорче Петров, Карпош, Шуто Оризари и Бутел утре без струја

Дел од корисниците од улиците „Веле Марков“, „Воин Драшковиќ“ и „Ибе Паликуќа“ во општина Ѓорче Петров утре од 9 до 11 часот ќе останат без електрична енергија.

Во периодот од 9 до 14 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Владимир Каваев“ во општина Карпош, а од 9:30 до 13 часот дел од корисниците од улиците „Пелагонија“ и „Брсјачка Буна“ во општина Шуто Оризари.

Од 11 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“ бр.96б во општина Бутел.

Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот.