Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска ќе останат:
- во периодот од 09:00 до 11:00 часот, дел од ул.Драгувити (општина Ѓорче Петров );
- во периодот од 08:00 до 12:00 часот, дел од ул.Христо Татарчев-15 (општина Кисела Вода).
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација - Скопје, ги известува граѓаните дека денеска среда, поради изведување на приклучок од Ф-300мм на ул.Жил Верн 4 во населба Кисела Вода, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Жил Верн, Тодор Паница, Јордан Филиповски, Балканска и комплексот наречен Пегла на Борис Трајковски.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до санирање на дефектот.