Делови од Ѓорче и Илинден денеска без струја, вода ќе нема во Центар

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека денеска (четврток) без електрична енергија ќе останат:

- во периодот од 10.30 до 15.15 часот, дел од корисниците од ул.Воин Драшкоци, Лихнида, можно е и дел од корисниците на ул. Александар Мартулков и Панко Барашанов (општина Ѓорче Петров)

- во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од новопроектираната улица во новата населба Јака во Марино и дел од улицата Мост (општина Илинден). 

Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека денеска (четврток) поради промена на ППХ (против пожарен хидрант) ф 80 мм на ул.Митрополит Тедосиј Гологанов бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од булевар Митрополит Тедосиј Гологанов и дел од Бул.Свети Климент Охридски. (општина Центар)

Прекинот ќе биде од 9 часот наутро се до завршување.