Делови од Ѓорче, Гази Баба и Сарај денеска без струја, вода ќе нема во Центар

Поради планирани технички зафати во електро дистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија, денеска (вторник), без електрична енергија ќе останат:

- во време од 04.00 – 15.00 часот објектите на Вивакс, Електроелемент, Електрометал и Лек (о. Гази Баба);

- од 09.00 – 14.00 часот дел од ул. Црвена Армија, објектот на противпожарна бригада во Ѓорче Петров, објектите околку паркот во Ѓорче Петров и објектот на Тинекс Маркет (о. Ѓорче Петров) и

-во време од 09.30 – 14.30 часот корисниците од селата Глумово, Шишево, Горна Матка и објектот на Музеј Матка (о. Сарај). 

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска (вторник), поради санирање на дефект на приклучна цевка од Ф2“ на ул. Тетовска бр. 38, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на следните улици: Тетовска, Стив Наумов, Свештарот, дел од бул. Кочо Рацин, Полициската станица Пролеќе, Амбулантата Пролеќе, Градинката и СУГС Гимназија Раде Јовчевски – Корчагин. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на дефектот (о. Центар)