Делови од Гази Баба и Ѓорче денеска без струја, еве каде ќе нема вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денекска (четврток) без електрична енергија ќе останат:

- во периодот од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од ул.Благоја, ул.Маџари, Пекара КИС МИ Стефковски и ул.Ордан Поп Јорданов (општина Гази Баба)

- во периодот од 09:00 до 10:00 часот, локалите во трговскиот центар до пазарот (општина Ѓорче Петров).

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:

-  Поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф 2“. на улица Наум Наумовски Борче 27 со прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од улицата Наум Наумовски Борче. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.