Делови од две скопски општини утре ќе бидат без вода и струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без струја утре од 10:00 до 13:00 часот, ќе бидат корисниците во околината на новата зграда БИСИ на ул. Козле. (Општина Карпош)

Исто така од ЈП Водовод и канализација – Скопје известуваат дека поради дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-80мм на ул. Партениј Зографски бр 23, утре од 09:00 часот до завршување на интервенцијата без вода ќе останат корисниците од дел од истата улица. (Општина Центар)