Делови од две скопски општини утре без вода

ЈП Водовод и канализација известува дека утре со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Центар и Кисела Вода.

Како што информираат од таму, поради уличен дефект ф-80мм на улица Рајко Жинзифов бр.32, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улица Рајко Жинзифов, дел од улица Владимир Полежиновски, дел од улица Стефан Јакимов-Дедов и дел од улица Борка Талевски. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со активностите.

Исто така, поради уличен дефект ф-100 милиметри на улицата Драчевска бб (во близина на црквата), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.