Делови од две скопски општини денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН - Скопје, ги известува граѓаните дека, денеска поради технички зафати во електро дистрибутивната  мрежа, без електрична енергија ќе останат:                  

- Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул. Едвард Кардељ на потегот од Бензиската Пумпа на ЛУКОИЛ кон стрелиштето Камник (Општина Гази Баба)

- Од 09:30 до 10:30 часот, корисниците од селата: Чифлик, Катлановска Сушица, Дивље  и Долно, Средно и Горно Коњаре (Општина Петровец).