Делови од две скопски општини денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија денеска (понеделник) ќе останат следните корисници:

-од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од с. Градовци. (Oпштина Зелениково)

-од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од с. Долно Количани (делот кон гробиштата - Oпштина Студеничани)