Делови од две скопски општини денес без вода – Водовод најави прекини

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека поради зафати во водоводната мрежа, денес делови од Скопје ќе останат без вода.

Според најавата, поради интервенција на улицата „Коста Абрашевиќ“ бб, кај ОУ „Хасан Приштина“, од 09:00 часот па сè до завршување на работите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Коста Абрашевиќ“, „Цветан Димов“, „Панче Неделковски“, „5-ти Мај“ и „Кемал Ататурк“ во Општина Чаир.

Во истиот ден, поради зафати во водоводната мрежа на булеварот „Партизански одреди“ бр. 48а, од 09:00 часот без вода ќе останат и дел од корисниците од булеварот и околината во Општина Карпош, сè до завршување на интервенцијата.

Инаку, за денес се најавени и прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од Ѓорче Петров и Сопиште. Повеќе детали за прекините на струја прочитајте тука.