Делови од две скопски општини денес без струја – ЕВН најави прекини

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денес делови од Скопје ќе останат без електрична енергија.

Според најавата, од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата „95“ во населбата Волково, во Општина Ѓорче Петров.

Во истиот ден, од 12:00 до 15:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има и кај дел од корисниците на улицата „16“ во селото Долно Соње, Општина Сопиште.

Инаку, за денес се најавени и прекини во снабдувањето со вода. Повеќе детали за прекините на струја прочитајте тука.