Делови од четири скопски општини утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат следните корисници:

 • од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од дел од ул.21 и дел од ул.56 (општина Центар)

 • од 09:30 до 14:30 часот, корисниците од с.Орман и с.Никиштане (општина Ѓорче Петров)

• од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од место викано Боринарец – Радишани (општина Бутел)

• од 07:25 до 15:30 часот, корисниците од ул.Маџари, ул.22 во Маџари, куќите околу стадионот Борис Трајковски, Пунктот на Водовод и канализација (општина Гази Баба)