Делови од Центар, Кисела Вода и Шуто Оризари утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи-Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека утре (среда), поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:

- Од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од Дел од ул.Карбуница, ул.Рељо Шестокрило, дел од ул.Индира Ганди, Виетнамска и Нов Живот (општина Шуто Оризари);

- Од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од ул.Малина Попиванова (општина Кисела Вода);

- Од 09:00 до 12:00часот, корисниците од ул Димитрија Чуповски бр.1 (општина Центар).