Делови од Центар, Карпош и Кисела Вода утре без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека за ден 04.08.2020 година (вторник), планирани се следните технички зафати во електро-системот во градот Скопје.

– во периодот од 08:30 – 13:00 часот корисниците во Градски парк во близина на ресторан „Балканика“. (општина Карпош);

– во периодот од 08:30 – 14:00 часот, улицата Орце Николов од број 162 до број 172. улицата Мирка Гинова од број 1 до број 27. (општина Центар);

во периодот од 08:30-14:00 часот корисниците на улиците Киро Крстевски и Емил Зола. (општина Кисела Вода);

во периодот од 08:30-15:30 часот корисниците на улицата Марко Орешковиќ. (општина Кисела Вода);