Делови од Центар и Бутел утре без вода

Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека утре (среда) поради уличен дефект од ф - 100 мм на ул. Бетовенова 81/7, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Бетовенова и Александар Бујнов. (општина Бутел)

Поради изведување на водоводен приклучок од ф - 80 мм на ул. Тодор Александров бр.67, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работатат без вода ќе останат дел од корисниците од улиците Тодор Александров и Партениј Зографски. (општина Центар)