Делови од Бутел и Центар утре без вода

Од „ЈП Водовод и канализација“ информираат дека заради изведување на приклучок на водоводна мрежа со пречник 400 мм на крстосницата од улиците Бутелска и Александар Урдаревски во нас. Бутел 1, на ден 14.12.2017 год. (четврток), без водоснабдување од 09:00 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од ул. Бутелска од крак 1 до крак 35 и од крак 2 до крак 10. (Општина Бутел).

Истовремено од таму информираат  дека заради дефект на водоводна цевка со пречник 80 мм на Бул. Партизански Одреди бр. 15 во нас. Центар, на ден 14.12.2017 год. (четврток) без водоснабдување од 09:00 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од дел од истиот булевар и дел од ул. Св. Климент Охридски. (Општина Центар)