Делови од Аеродром, Карпош и Кисела Вода утре без струја

Дел од корисниците од селото Долно Лисиче, од улицата „2“ и околните објекти утре, од 8:30 до 11:30 часот, ќе останат без електрична енергија.

Во периодот од 9 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од асфалтната база „Гранит“ во Општина Карпош, а од 12 до 15 часот корисниците од Драчево лоцирани на улицата „Сердарот“ и објектите во непосредна близина.

Од 9 до 13 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улицата „Ѓорѓи Капчев“, подулици „7“, „15“, „17“, „19“, „Тодор Чангов“ и подулица „26“ во Општина Аеродром.

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во дистрибутивната електромрежа во Скопје.