Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради  технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска (понеделник), без електрична енергија ќе останат:

  • од 10:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од  ул. Мите Богоевски. (Општина Аеродром)

  • од 10:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од  ул. Џумајска. (Општина Карпош)

  • од 11:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Радушка. (Општина Ѓорче Петров)