Делови од Аеродром, Чучер Сандево, Сарај утре без струја - без вода неколку улици низ Скопје

Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, врз основа на добиеното известување од ЕВН,со известување за прекини во електричната енергија, во текот на утрешниот ден (06.10.2022):

Поради технички интервенции во електро дистрибутивната мрежа, на ден 06.10.2022 година (четврток ), без електрична енергија ќе останат следните корисници:

-Во периодот од 09,00до 12,00 часот, корисниците на Бул.АСНОМ, бр.180, вл.2 (Општина Аеродром)
-Во периодот од 07,30 до 15,00 часот корисниците на граничен премин Блаце, Мобимак Блаце, Терминал Блаце, Филип Инженеринг, Караула Блаце (о.Чучер Сандево)
-Во периодот од 08,00 до 15,30 часот: с.Арнакија, Чајлане, Буковиќ, Раовиќ, Семениште, Ласкарци, Паничари (о.Сарај) 
-Во периодот од 08,30 до 14,30 часот дел од ул.4, Горно Соње.

Врз основа на добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, пак, следуваат информациите за прекини во водоснабдувањето во текот на утрешниот ден:

-Утре (06.10.2022), поради дефект на затварачи ф 200 мм и ф100 мм на ул.Тасино Чешмиче раскрсница со Георги Скрижевски, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Тасино Чешмиче, Георги Скрижевски и Драмска од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.