Делови од Аеродром, Бутел и Ѓорче денеска без струја, вода ќе нема во Центар

Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, врз основа на добиените информации од ЕВН и ЈП Водовод и канализцаија, ги известува граѓаните дека:

Поради технички интервенции во електро дистрибутивната мрежа, денеска (среда), без електрична енергија ќе бидат следните корисници:

- Во период од 09 до 14ч. дел од ул. Лесновска, ул. Презвитер Константин, ул.Јан Хус и ул. Поп Богомил оЃ. Петров  Од 09,00 до 10,00ч. Дел од ул. Емил Зола, бр6 влез 1 и 2, ул. Виктор Иго бр.9 и 10 о. Аеродром.

- Од 12 до 15,30ч. дел од ул Ѓорги Скрижевски о. Аеродром.

-Од 08 до 14 мв. Пирков рид, Продажен салон Платин, Хотел БОН БОН, Стовариште ЕЕ Компани, Индустриски објект Брзи Спед Транспорт и објектите околу него.о. Ѓ. Петров.

- Од 12 ч до 14 ч. с. Црешево, с. Смилковци, Љ. Пат и Гасовод Бутел.

Поради технички интервенции на водоводната инсталациска мрежа на ден 07.12.2022 година (среда), без водоснабдување ќе бидат корисниците од о. Центар и тоа:

-поради изведување на водоводен приклучок ф-200 мм на ул. Мајка Тереза 40 (Водњанска),

-во периодот од 09 часот па се до завршување на интервенцијата без вода ке останат корисниците на дел од истата улица. (о. Центар).