Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од улицата Крушевска Република, дел од улицата Страшо Пинџур (реон околу Веро Џамбо), дел од улицата Пролет, дел од булеварот Кузман Ј. Питу во општина Центар.
Од скопски Водовод известуваат дека поради уличен дефект на ул. Салвадор Аљенде 85, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.