Делегација на Градот Скопје положи цвеќе пред Споменикот на Ослободителите на Скопје

Делегација на Град Скопје, составена од градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, Претседателот на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева и секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска Мадиќ, во чест на големиот македонски државен празник 11-ти Октомври - Денот на народното востание, денеска положија цвеќе пред Споменикот на Ослободителите на Скопје, пред Владата на Република Македонија.

По повод овој голем празник цвеќе положија и делегации од Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, Министерството за одбрана и АРМ, претставници на здруженијата на борци, претставници на дипломатските претставништва, политички партии и други здруженија.