Делегација на Град Скопје, составена од градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, Претседателот на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева и секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска Мадиќ, во чест на големиот македонски државен празник 11-ти Октомври - Денот на народното востание, денеска положија цвеќе пред Споменикот на Ослободителите на Скопје, пред Владата на Република Македонија.

По повод овој голем празник цвеќе положија и делегации од Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, Министерството за одбрана и АРМ, претставници на здруженијата на борци, претставници на дипломатските претставништва, политички партии и други здруженија.