
Делчевец синоќа претепал две малолетни деца пред хотел во градот.
Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 23:50 часот во ОВР Делчево, С.Т.(44) и П.В.(53) двајцата од Делчево пријавиле дека околу 22:10 часот пред хотел во Делчево, нивните две малолетни деца, биле физички нападнати од Н.Д. од Делчево, при што им нанел повреди.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.