Делчевец ќе одговара кривично поради намерно предизвикување на шумски пожар

Делчевец доби кривична пријава затоа што намерно предизвикал шумски пожар.

Од МВР информираат дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднела кривична пријава против В.М.(60) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „предизвикување на општа опасност“.

На 07.04.2026 на место викано „Тафрачко маало“ во с.Бигла, делчевско, пријавениот намерно предизвикал шумски пожар, во кој биле оштетени површини на девет сопственици на катастарски парцели во село Бигла.