Делчевец бил заразен со јужноафриканскиот сој, министерот вели нема место за паника

Доминантен во нашата земја е британскиот сој. Случајот со шоферот од Делчево кој бил заразен со јужноафрикански сој не претставува опасност за доминација на овој вид на мутација во земјава, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој појасни и дека жителот на Делчево во март кој патувал, бидејќи е возач на камион, а истовремено е и изолиран случај на јужноафриканскиот сој на коронавирусот и нема потенцијална опасно да доминира и да се шири.

-Според анализите јужноафриканскиот и бразилскиот не се подоминантни од британскиот сој.Овој бран спласнува потребно е една недела за да се одлучи за понатамошно олабавување на мерките, односно наредниот понеделник кога ќе се направи пресекот на две недели - рече Филипче.