Делчевчанка ќе одговара кривично зошто скрила од вработените во банката дека сопругот ѝ починал додека подигала од неговите пари на шалтер

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднела кривична пријава против Р.С.(54) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Како што се наведува во полицискиот билтен, на 23.12.2025, искористувајќи ги податоците и полномошното на покојниот сопруг, пријавената со дебитна картичка подигнала готовина од банкомат и извршила други плаќања.

На 24.12.2025 ги довела во заблуда вработените во банката, без да каже дека нејзиниот сопруг е починат, го искористила полномошното и на шалтер од банката подигнала пари.