
73-годишен делчевчанец тешко се повредил, додека извршувал градежни работи на семејната куќа.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 15:05 часот во ОВР Делчево, од Итна медицинска помош Делчево било пријавено дека кај нив за укажување лекарска помош бил донесен С.Н.(73) од Делчево.
Според пријавеното, тој се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал градежни работи во семејната куќа во Делчево. Извршен бил увид.