Дел скопјани веќе се топлат на парно, оние на клима стравуваат за цената на струјата

Вистинска зима најавуваат метеолозите во претстојните денови. Пад на температурите, а неколкудневниот влажен бран ќе донесе и снег на повисоките места во следните неколку денови.

Граѓаните веќе на големо се подготвуваат за затоплување на своите домови.

БЕК, поради ниските температури, веќе една недела врши испорака на топлинска енергија до потрошувачите поврзани на системите за централно греење во Скопје, односно грејната сезона започна пред официјалниот старт.

Оние пак кои се топлат на клима уреди стравуваат за најавениот раст на цената на струјата. Надлежните ја смируваат ситуацијата дека, иако цената на струјата на светските берзи се зголеми на 140 до 150 евра за мегават час, кај нас актуелната цена ќе остане најмалку до крајот на декември.

За оние кои се одлучиле да се топлат со инвертер клима уред експертите советуваат дека најважно е редовното чистење на филтерот и, со цел заштеда на електрична енергија, клима уредот да не се икслучива навечер, туку само да се намали на соодветна температура, затоа што, како што појаснуваат, потрошувачката на енергија е многу поглема кога уредот ќе почне да загрева од нула степени.