Дел од жителите на Скопје редовно плаќаат струја, а струја немаат

Жители од Шуто Оризари речиси два месеци имаат проблеми со струјата. Сите сметки редовно ги плаќаат, но половина ден седат во темница. Велат недозволиво е во 21 век да седат на свеќи. Принудени се на минусни темепратури да одат по роднини за да се избањаат и исперат. Се обратиле и до ЕВН, но велат се било залудно, пренесува Сител ТВ. 

За проблемот одговор побарале и од компанијата. Од таму велат дека се се случува поради нелегални приклучоци.

Електродистрибуција секојдневно работи на реконструкција на мрежата и санација на дефектите, но на таа улица истите за жал се повторуваат како резултат на нелегално користење на електирчна енергија.

Поради преоптовареност на мрежата, горат осигурачи и кабли, а времетраењето на санацијата зависи од комплексноста на дефектот, велат од ЕВН.

Граѓаните револтирани велат дека дивоприклучените не се нивни проблем. Компанјата треба да си најде решение затоа што не може поради поединци да страдаат и оние кои редовно си ја плаќаат услугата.

Инаку и минатата зима, жителите од овој дел на градот го имаа истиот проблем. Освен тие, до нашата редакција на проблеми со електричната енетија се пожалија и жители од Стајковци, поради што утре во попладенвните часови ќе излезат на протест во селото.

Во изминатиот период постојано има и известувања за прекини во снабдувањето со струјата во различни делови од градот.

Извор: Сител