Дел од улиците во Усје добиваат асфалт, дел бекатон

-Никој повеќе нема да ги дискриминира моите сограѓани усјани, конечно го добиваат она што години наназад им беше ветувано, но за жал нереализирано. Сѐ до денес.

Ова вчера од терен го соопшти градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски од терен каде со силно темпо се работи на сите позиции.

-Дел од улиците добиваат асфалт, дел бекатон. За некој ден Усје ќе биде непрепознатливо, со комплетно нови улици, без кал, со модерен лик и поквалитетен живот во оваа некогаш заборавена населба.Впрочем, усјани го добиваат она што го заслужуваат! И тука не застануваме, ништо нема да ме спречи во намерата да ја развиеме и унапредиме Кисела Вода, порача градоначалникот на Кисела Вода.