ЈП Водовод и канализација - Скопје информираа дека денес поради уличен дефект ф-150мм на ул. Даме Груев бб (пред Министерство за Финансии), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на министерството.
Од ЈП Водовод и канализација посочуваат дека дел од коловозот ќе биде затворен за сообраќај, додека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со санација на дефектот.
.