Мобилните телефони секој ден стануваат се поголема пречка за наставниот процес. Поради неконтролирано користење на телефоните често пати доаѓа и до тепачки и навреди меѓу учениците. Ова го потврдуваат директори на училишта и ученици чии врсници биле вмешани во тепачки.
„Ги земаат телефоните во училиште, а потоа се тепаат, ова не е добро за учениците. Особено момчињата минатата година имаа многу проблеми. Се караа, навредуваа, потоа дошле тука и се тепаа“, вели една ученичка.
Прашани од Алсат-М, учениците од основно и средно образование се поделени околу тоа дали телефоните треба да бидат дозволени во училиште.
„Може да се земе во училиште, но не и да се користи. Зошто треба да се земе во училиште? Може да ни е потребен за итни случаи, на пример, некој кој е далеку.“
„Некои училишта воведоа забрана за користење на телефони во текот на часовите. Во О У „Адем Јашари“ во Чаир оваа иницијатива е поздравена, а во гимназијата „Јосип Броз Тито“ се подготвуваат идеи за тоа како би изгледале рафтовите за чување на телефоните“, велат дел од учениците.
„Донесена е одлука, освен учениците кои нема да можат да користат телефони на часови, тоа да важи и за наставниците, кои исто така нема да ги користат телефоните на часови. Ова на почетокот е дочекано добро, треба да бидеме сите во еден збор и да го почитуваме докрај. Проблем е на 400 телефони да им најдеме место за да ги чуваме, добро е секој да го носи во ташна“, вели Халил Палоши, директор на О.У “Адем Јашари“-Чаир.
Од МОН велат дека се отворени и ја поздравуваат секоја иницијатива, идеја или предлог во насока на подобрување на квалитетот на наставата. За разлика од Македонија, во Албанија почнувајќи од ова година во училиштата е воведена забрана за користење телефони и предвидени се казнени мерки за непочитување на правилото и за учениците и за наставниците. Пред извесно време ваква пракса беше воведена и во Франција.