Дел од Тафталиџе и Љубанци утре без вода

Од ЈП Водов и каналиазција-Скопје известуваат ека утре (среда) поради дефект во шахта и дефект на приклучна цевка од Ф-1цол на ул.Хелсинки бр.26 во населба Тафталиџе, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Хелсинки, Виенска, Мексичка, Ташкентска, Хаванска и дел од Варшавска.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до санирање на дефектот. 

Исто така, утре поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 100мм. во с.Лубанци под резерварот со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од с.Лубанци.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.