Дел од строгиот центар на градот без вода: Засегнати и трговски и угостителски објекти

Поради работа на водоводната инсталација, дел од најстрогиот центар на градот ќе остане без вода.

Притоа, од ЈП Водовод и канализација, на Фејсбук известуваат дека:

„На ден 07.07.2021 поради промена на шибер Ф 80 мм на ул.Филип 2 Македонски бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Филип 2 Македонски од потегот од 11 Октомври до Холидеј ИН, дел од Мирче Мацан, Светозар Марковиќ (Соравија, дел од ГТЦ, Сојуз на Синдикати, дел од Градска Болница, ресторант Национал и сите пропратни објекти од улиците) од 09:00 часот до завршување“.