
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска (4 август) поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат дел од жителите на општина Студеничани.
Прекинот во снабдувањето со електрична енергија е предвиден во периодот од 09:00 до 15:00 часот и ќе ги опфати корисниците во дел од селото Студеничани, на излезот кон селото Моране.