Дел од скопско Дебар Маало денеска без вода

Без вода денеска од 12:05 часот се корисниците од улицата „Орце Николов“ на потегот помеѓу „Ѓорѓи Пулевски“ и „Рузвелтова“ во Дебар Маало во Општина Центар.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, прекинот е поради санирање на уличен дефект од Ф-100 милиметри на улица „Орце Николов“ бб, спроти ПУИГ.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.