
ЈП Водовод и канализација известува дека утрово со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Кисела Вода.
Оттаму информираат дека поради уличен дефект ф-100 милиметри на улица Милан Мијалковиќ 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:15 часот до завршување со санација на дефектот.