
ЈП Водовод и канализација известува дека утре со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на општина Центар.
Оттаму информираат дека поради уличен дефект ф-80 милиметри на крстосницата Борка Талевски/Апостол Гусларот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Борка Талевски (потегот од Ленинова до Рајко Жинзифов, вклучително и ООУ Јохан Хајнрих Песталоци).
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.