
ЈП Водовод и канализација известува дека утрово со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Црниче.
Оттаму информираат дека поради дефект на приклучна водоводна цевка од ф-5/4 на улица Фредерик Шопен, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:50 часот до завршување со работните активности.