Дел од скопска населба утрово без вода

ЈП Водовод и канализација известува дека утрово со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Визбегово.

Оттаму информираат дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф2“ на улица „31“ бб. Визбегово, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од истата улица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:40 часот до завршување на работните активности.