
ЈП Водовод и канализација известува дека денеска напладне со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на населба Маџари.
Оттаму информираат дека поради уличен дефект од ф-80 милиметри на улица Палмиро Толјати број 210, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:45 часот до завршување со работните активности.