Дел од Скопје утре без вода

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека утре (22.06.2022г), поради менување на вентил во шахта на 3-та Македонска Бригада 61, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектите на УБК и Жито Лукс.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.