Дел од Скопје е без струја - ЕВН информира за дефектот

Невремето што го зафати Скопје резултираше со испад во високонапонската мрежа. Поради тоа, корисниците на дел од центарот на градот останаа без електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија.

Нагласуваат дека екипите на Електродистрибуција се на терен со цел брзо да интервенираат, а корисниците се префрлуваат на алтернативни напојни точки.

Од попладнево голем број на скопски општини останаа без електрична енергија, по силното невреме кое попладнево го зафати овој регион.

Центар, Дебар Маало, Кисела Вода, Аеродром се само дел од населбите кои останаа без струја.