Дел од Скопје денеска без вода

ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје информира дека дел од Скопје ќе остане без вода.

- Ве известуваме дека на 31.01.2023 г, поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на Илија Ристовски бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Илија Ристовски, Партизански Пат и место викано Три Круши, информираат од претпријатието.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.