Дел од корисниците во Скопје денеска (4 ноември) ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции и работи на електродистрибутивната мрежа, информираат од ЕВН Македонија.

Photo by Nikola Johnny Mirkovic on Unsplash
Во општина Гази Баба, од 08:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците на улиците „Никола Киров-Мајски“ и „Благоја Стефковски“ во Маџари.
Во општина Сарај, од 09:00 до 10:00 часот прекин на електричната енергија ќе има кај корисниците зад џамијата, на улиците 1, 3 и 5. Во општина Кисела Вода, од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „Саса 2“.
Прекин е најавен и на улицата „Коста Новаковиќ“, во периодот од 10:00 до 13:00 часот, на потегот од „Зур маркет 5“ до крајот на улицата, кај салата на Јеховините сведоци.
Покрај прекините на електричната енергија, ЈП „Водовод и канализација“ најавува и прекин на водоснабдувањето во општина Центар.
Поради уличен дефект на водоводна цевка со профил Ф-80 мм, на крстосницата меѓу улиците „Борка Талевски“ и „Апостол Гусларот“, од 08:30 часот без вода ќе бидат корисниците на дел од улицата „Борка Талевски“, на потегот од „Ленинова“ до „Рајко Жинзифов“, вклучително и ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“.
Прекинот на водоснабдувањето ќе трае до завршување на работните активности.