Дел од реконструкцијата на булеварот Партизански одреди во Влае целосно комплетиран викендов

Со полн интензитет се одвиваат градежните работи за реконструкција на булеварот „Партизански одреди“ во населбата Влае во Карпош.

За време на викендот се вршеја финалните асфалтерски работи на дел од булеварот, поточно на потегот од кружниот тек кај Порта Влае до мостот Влајко.

Вчера целосно завршија активностите на делницата која се движи од Ѓорче Петров кон Карпош, каде овој потег е целосно асфалтиран, а поставена е и нова хоризонтална сообраќајна сигнализација.

Се асфалтира другата страна на булеварот и овие активности треба да завршат во текот на денешниот ден.

Во наредниот период треба да започне реконструкцијата и на преостанатиот дел на булеварот „Партизански одреди“ во Влае, поточно делницата од мостот Влајко до мостот Обединети нации.