Дел од Пржино и Лисиче денеска без струја

Поради технички интервенции, денеска без струја ќе бидат делови од Општините Аеродром и Кисела Вода.

- Во периодот од 9 до 11 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од Горно Лисиче, улица „Божин Николов“ и во период од 10:30 до 15:30 часот, без струја, ќе бидат корисниците на улица „Караџица“ во населба Пржино“, информира Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК – Скопје.