
ЈП Водовод и канализација известува дека дел од корисниците од булеварот Партизански одреди утре ќе бидат со прекин во водоснабдувањето.
Од таму информираат дека поради промена на затворачи ф 5/4 на булеварот Партизански Одреди бр.48а, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од овој скопски булевар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.